Канадскиот премиер, Џастин Трудо, и Либералната партија победија на парламентарните избори во Канада, по што се очекува да ја формираат следната малцинска влада. Според Изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоиле 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.

Канадскиот Парламент има 338 пратеници. За мнозинство потребни се 170 мандати.

OhridNews