Кошаркарот на Универзитетот Невада Лас Вегас (УНЛВ), Ентони Бенет е првиот Канаѓанец кој е избран како прв пик на драфтот во НБА лигата. Крилниот играч, висок 203 сантиметри беше избран од страна на Кливленд Кавалирс.


„И јас сум изненаден, исто како и сите останати“, рекол веднаш по изборот Бенет, кој според прогнозите требаше да биде избран како шести или осми пик.

Бенет е вториот играч на универзитетот УНЛВ кој е избран како прв пик, пред 22 години Шарлот Хорнетс го избраа Лери Џонсон.

Исто така Канаѓанецот е стана седмиот странец кој е избран од првото место на драфтот по Мајкл Томпсон (Бахами, 1978), Хаким Олајџувон (Нигерија, 1984), Мајкл Оловоканди (Нигерија, 1998), Јао Минг (Кина, 2002), Ендрју Богут (Австралија, 2005) и Андреа Барњани (Италија, 2006).

Како втор пик беше избран бекот на универзитетот Индијана, Виктор Оладип, кој е нов играч на Орландо Меџик. Вашингтон кој бираше трет се реши за крилниот играч на локалниот универзитет Џорџтаун Ото Портер.

Коди Зелер е највисоко рангиран центар на овој драфт, него како четврти пик го избра екипата на Шарлот, петти пик е Алекс Лен и тој ќе игра следната сезона за Феникс Санс.

Нерленс Ноел од универзитетот Индијана кој како шести пик беше избран од Филаделфија веднаш е трејдуван во Њу Ореланс Пеликанс, во спротивна насока замина  „Ол Стар“ бекот Џру Холидеј.

Што се однесува до играчите од Европа, највисоко рангиран е грчкиот играч со нигериско потекло Јанис Антедокунмо кој е избран од страна на Милвоки.

“Макфакс“