Билјанинините и изворите на Свети Наум се строго заштитена зона, но наместо тоа секојдневно сме сведоци на нарушување на автентичниот амбиент со поставување урбана опрема, времени угостителски објекти без санитарни јазли и узурпација на зелените површини. Билјанини извори, односно каналот Студенчишта, денес, претставува депонија за пловни објекти, а некои од нив и со децении лежат на дното од каналот. Наместо да се заштити, каналот сега служи како марина за бесните глисери на македонскиот џет сет чиј продорен звук ги брка рибите од нивното природно мрестилиште. Бучавата ги вознемирува и птиците кои се поретко се гнездат во Студенчишкото блато, а моќните машини ја уништуваат и езерската флора, укажуваат екологистите.
Исто така во каналот се поправаат и градат бродови кои тука се заваруваат, но и пескарат, а штетните хемикалии ја загадуваат животната средина. Сето ова, за жал, се случува пред очите на научните 
Молчат и централната и локалната власт, кои меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за жешките еколошки теми. Не се согласуваат и околу изградбата на долго најавуваната марина. Едните ќе ја градеа на пристаниште, другите кај Грашница, а се најавуваше и мини сервис за пловни објекти со мала бензинска пумпа и кај каналот Студенчишта. Од сето тоа ништо. Затоа пак заеднички мижат пред фактот дека на крајбрежјето постојат повеќе приватни паркиралишта за пловни објекти од што некој дебело профитира.
Најжестоки критичари на состојбите во каналот Студенчишта се спортските риболовци, 












