Спортските риболовци, ги повикуваат надлежните локални и државни комунални и ветеринарни инспектори да издадат решение на надлежни институции кои имаат обучени луѓе и опрема да ја остранат мртвата плашица од каналот Студенчица и од брегот на каналот.  Според нив тоа е неопходно, затоа што мртвата плашица е во фаза на распаѓање и е извор на бактерии кои преку домашни миленици, птици и  глодари можат да предизвикаат разни болести кои може да се пренесат низ целиот град.


-На неколку метри  од  депонијата има мал  канал кој се влева во каналот Студенчишта, опасните материи и бактерии  преку течноста од депонијата и од распаднатите плашици,  помогнати од дождовницата се влеваат во малиот канал, а преку него во каналот Студенчишта и можат да предизвикаат еколошка катастрофа. Галебите не ги јадат веќе плашиците кои се распаѓаат, така што на тој дел од градот се шири неподнослива смрдеа.-вели Радован Димитриески, претседател на Здружението на рекреативни риболовци, „Св. Апостол Петар“.


Димитриески ппредупредува дека загрозени се и рекреативните риболовци кои ловат на каналот, а помеѓу нив има и деца.

– Апелираме институциите да постапат според законот и на прописен начин да ја отстранат мртвата плашица и да ја уништат, за да спречат еколошка катастрофа. -додава Димитриески.


Тој посочува дека причината за поморот на плашица во каналот Студенчишта се’ уште е мистерија, бидејќи рибата и понатаму  умира и покрај тоа што нивото на водата во каналот последните неколку дена се подигна за неколку сантиметри.

OhridNews