Рекордерот по бројот на настапи во дресот на Италија, Фабио Канаваро објави крај на својата фудбалска кариера.

Канаваро (38) одигра 136 меча за “аѕурите“ а во 2006 година во Берлин ја предводеше селекцијата до четвртата светска титула.

Во 2006 година, Канаваро беше прогласен за најдобар играч во изборот на ФИФА. Во својата фудбалска кариера играше за Наполи, Парма, Интерм Јувентус, Реал Мадрид, а кариерата ја заврши во Ал Ахли.

Ohridnews