Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре, на прес-конференција ќе ја соопшти програмата на годинешното, петто по ред издание на Фестивалот на француски филм во Охрид. На прес-конференцијата е предвидено да се обрати и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Жан Клод Шлумберже.

Како што веќе OhridNews објави, најновото издание на фестивалот свечено ќе биде отворено на 30- ти јуни со филмот „Збогување со кралицата“ .

Филмот, чиј сценарист е Жил Туран ќе биде и специјален гостин на отворањето.

На петтото издание на фестивалот, во официјалната програма  ќе бидат прикажани десеттина филмови кои ќе бидат оценувани од стручното жири, како и кратки филмови од француски и македонски автори.

OhridNews