Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.
Предвидено е таа да одржи прес конференција, на која, како што е најавено, јавноста ќе биде запознаена за активност насочена кон унапредување на културното живеење во градот на УНЕСКО.
Се очекува министарката Канческа Милевска да ја информира јавноста и за тоа до каде е изборот на новиот директор на фестивалот „Охридско лето“.












