Поголемиот дел од канделабрите од уличното осветлување, кои се постaвени по должина на пешачката патека од населбата „Кошишта“ до  „Горна Порта” во Охрид, немаат заштитни капаци и нивната електричната инсталација е необезбедена.

Граѓаните од населбата „Кошишта“ велат дека стравуваат за безбедноста на своите деца, кои за да одат на училиште, секојдневно минуваат по оваа патека. Тие бараат од надлежните служби во најскоро време да го решат овој проблем.

Инаку ова не прв случај кога граѓаните реагираат на необезбедените улични светилки. Вакви слични проблеми имаше и на голем број други охридски улици.

OhridNews