– Во Министерството за култура формирана е комисија која интензивно ги разгледува програмите на кандидатите. Покрај мислењето на комисијата, јас како министер имам желба да направам интервју со сите кандидати, да го вреднувам нивнииот труд, нивната желба и подготвеност да дадат придонес за развојот на Охридско лето-истакна министерката Канческа – Милевска, при неодамнешната посета на Охрид.
Таа не сакаше да издвои ниту еден од кандидатите пред да биде завршена целокупната постапка, но не ја исклучи можноста да биде распишан и нов конкурс за избор на директор на фестивалот „Охридско лето“, доколку никој од пријавените не ги задоволи потребните критериуми.