Шестмината кандидати за директор на Националната установа фестивал „Охридско лето“ денеска ќе остварат средба со министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.

Програмите кои ги понудиле кандидатите претходно ги разгладуваше стручна комисија, а се очекува по завршување на интервјуата, министерката за култура да го назначи новиот директор на „Охридско лето“.

Конкурсот за избор на директор на фестивалот Охридско лето по скратена постапка беше распишан неодамна по оставката на поранешниот директор Васко Василески.

OhridNews