Во понеделник, министерот за култура Елизабета Канческа- Милеска ќе има интервју со секој од кандидатите со цел и лично да ги запознае.
Врз основ на подготвената програма и интервјуто ќе се вреднува нивниот труд и подготвеност да дадат допринос во развојот на инстутуцијата.
Доколку министерот процени дека ниту еден од пријавените кандидати не е соодветен за директорското место на Охридско лето, постои можност да биде распишан нов конкурс.
Како што е познато, за директорското место на фестивалот Охридско лето пријавени се 12 кандидати: Јованчо Секулоски, Томе Џамтоски, Александра Белевска, Наташа Спасеска, Климент Недевски, Благоја Петковски, Климент Наумов, Васил Ложанкоски, Анита Котеска, Мери Георгиева, Стојан Савески и Климент Неделковски.