Нови вработувањa, капитални проекти најавија кандидатите за пратеници од Охрид во 5-тата ИЕ, на митингот на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на централниот плпштад во Охрид.

Кандидатот за пратеник Александар Николовски се заблагодари за добиената поддршка од граѓаните, потенцирајќи дека кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов е заслужен за обезбедувањето на поволен кредит од кинеската влада за изградба на автопатот од Кичево кон Охрид.

Претседателот Иванов беше човекот кој лобираше да обезбедиме поволен кредит од кинеската влада со само 2 проценти камата и 20 години период на враќање, за да се изгради најголемата инфраструктурна инвестиција во Република Македонија во последните 50 години. Што побрзо да се изгради автопатско решение од Охрид до Св. Наум со почетен крак од Охрид до Пештани. Да се реконструира Костозглобната болница, патот до Битола, да се градат улици, водоводни и канализациони мрежи и пред се ќе внимаваме и лобираме што побрзо да се реализира инвестицијата од германската компанија ODW електрик која најави 1000 вработувања за охриѓани. Заедно со уште една голема германска компанија од автомобилската индустрија, која најави 800 нови вработување во охридско струшкиот регион. Професоре, ветуваме над 7000 разлика во вториот круг и убедлива победа во Охрид. Да имаме 62 пратеници во парламентот за никој да не може да не уценува.“ – истакна Николоски.

Д-р Љубен Арнаудов, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, најави нова туристичка понуда во Охрид преку изградба на модерна марина и зимски скијачки центар.

Во Охрид, токму ВМРО-ДПМНЕ покажува како се сака градот, како се сака државата, како се сака традицијата. Темелите на напредокот се јасни. Оттука не постои никаква друга резерва освен поддршка кон тимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денес овде во Охрид сакаме да зборуваме за проекти, за дела, за инвестиции, за програма со новите 2046 проекти. За новите инвестиции, за отворање на фабрики во кои ќе се вработат луѓето. За изградба на автопат, проект кој ќе отвори нови работни места и побрза комуникација во интерес на туризмот.“ – најави Арнаудов.

На вечерашниот митинг, кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ д-р Сашо Василевски, потенцира дека токму од Охрид ќе започне нова блескост на политичката сцена во земјава, со ново парламентарно мнозинство предводено од владејачката партија и коалицијата „За подобра Македонија.“

Во целосна соработка помеѓу претседателот Иванов и Владата предводена од премиерот Никоа Груевски, ВМРО-ДПМНЕ е вистинската формула за целосно одржување на кондицијата која ни е потребна за донесување странски инвестции, за отворање нови работни места, за изградба на модерни патишта и автопати, за нови 2046 проекти. За успешно НАТО и евро-интеграција, за зачувување на државните интереси. Денешниот ден нека претставува симболика за почеток на уште една голема историска победа на ВМРО-ДПМНЕ.“ – потенцира Василевски.

Носителот на листата во 5-тата изборна единица, Антонио Милошоски, истакна дека врз основа на постигнатите резултати од првиот круг на претседателските избори, поддршката за Иванов расте. Тој нагласи дека Арнаудов и Василевски се оние кои го воделе проектот за изградба на новата болница во Охрид и набавка на современа опрема.

Во 2009 година претседателот Иванов освои 340 илјади гласови. 2014 година, како резултат на неговата работа освои 450 илјади гласа во првиот круг. Тоа покажува дека народот го подржува и една работа докажа дека Иванов е претседател во кој може да се препознае секој граѓанин на Република Македонија.“ – истакна Милошоски.

Кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов се заблагодари на добиената поддршка од граѓаните во првиот круг и ги повика уште помасовно да излезат на гласање на 27ми април.

Победивме во 75 општини во Македонија и во иселеничка Македонија. Граѓаните покажаа дека државата им е пред се. Резултатот од вчера е она што укажува дека водам исправна политика, дека граѓаните го оправдуваат она што сум го работел во изминатите пет години. Уверен сум дека и на 27-ми Охрид ќе донесе голема победа. Ова поддршка ни значи и ни дава сила да продолжиме со реформите и делата кои ќе бидат реализирани за доброто на сите граѓани. Но најважно е дека вчера имавме фер и демократски избори какви што заслжува Република Македонија.“ – рече Иванов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, на митингот во Охрид истакна дека мнозинството граѓани во земјава знаат да направат разлика и да ги почитуваат вистинските вредности, трудови и дела.

Мене ми е мило што мнозинството граѓани во Македонија имаат доволно искуство во политиката да направат разлика меѓу оние кои ветуваат и не реализираат од една страна, и новата политичка гарнитура која од 2006 година покажа дека во политика може поинаку да се работи и опстојува. Покажа што значи да се има почит кон сопствениот народ, кон граѓаните на земјата.“ – истакна Груевски.

Тој упати критики кон СДСМ и лидерот Заев, кои, како што нагласи, „не сакаат да ја прифатат волјата на народот“, најавувајќи нова победа на владејачката коалиција во 2-риот изборен круг од претседателските и претстојните парламентарни избори.

O.T.