Кандидатите за пратеници од „Сонце“ во посета на повеќе месни организации
15.05.08 10:56
Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид на листата на Коалицијата за Европа “СОНЦЕ” од 5-тата Изборна единица, вчера, на 14.05.2008 година, ги посетија и остварија средби со граѓаните од месните организации Билјанини извори и Билјанини извори 1. На средбите, во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните, беа презентирани основните одредби на Изборната програма на Коалицијата за Европа “Сонце”, за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Тројцата кандидати за пратеници, на чело со Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, г-динот Томе Чинговски, дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.
Според редовните планирани активности, кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид на листата на Коалицијата за Европа “СОНЦЕ” од 5-тата Изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат средби со граѓаните од месната организација Стар град.
На 18092026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридск...
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од К...
Езерото повторно ги спојува стиховите, јазиците и душите на поетите од трите свои брега – Струга, Охрид и Поградец Денес со почеток во 11 часот, во Фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновц...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.