СДСМ на своите листи со кандидати за пратеници не понуди ништо ново, а пред се не понуди квалитет, вели кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ, Анита Кипаризоска- Крстеска.  Таа потенцира дека партијата првенствено е фокусирана на сопствената листа и програма.

– Најважно ни е што граѓаните го препознаваат она што сме го направиле од 2006 година, кога ни ја дадоја довербата. Препознават што нуди ВМРО- ДПМНЕ,а тоа се бројните проекти. Сигурна сум дека и на 5- ти јуни ВМРО- ДПМНЕ ќе биде партијата која со коалиционите партнери ќе ја состави новата Влада, вели Крстеска.

Во услови на светска економска криза и бројни препреки, реализиравме многу капитални проекти за Охрид, додава кандидатот за пратеник, Александар Николски.  – Планираме во следниот период, со програмата која ќе излезе во следните неколку дена, да реализираме уште многу други капитални проекти кои во голема мера ќе го променат градот, рече Николоски.


Анита Кипаризоска- Крстеска, Александар Николоски и д- р Хари Шокароски се тројцата охридски кандидати за пратеници од ВМРО- ДПМНЕ.  За разлика од Крстеска и Николски кои беа пратеници и во претходниот состав на парламентот, Шокароски за прв пат се јавува како кандидат за пратеник.

– Да и се заблагодарам на партијата што го препозна мојот квалитет и ми даде можност да станам пратеник, а јас ветувам дека ќе вложам максимални напори, користејќи го и досегашното искуство од професијата, да направам што повеќе во интерес на граѓаните. Верувам дека во иднина ќе реализираме уште поголем број капитални проекти во Охрид и со тоа градот ќе го добие она што го заслужува- да стане центар на културата, образованието и туристички центар, рече Шокароски.

ВМРО- ДПМНЕ , на 16 мај, изборната кампања ја стартува од Охрид.

OhridNews