Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче,  денеска се сретна со жители на селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани.

Граѓаните од селото Љубаништа се пожалија на лошиот пат кој го поврзува Охрид со ова село, а исто така и со манастирот Св. Наум. Луѓето потенцираа на иселувањето на младите. Жителите на Трпејца се пожалија за немањето на канализација и на фактот што 30 години претходните градски татковци им ветувале дека ќе го решат овој проблем, но досега се останало само на зборови. Во Пештани како основни проблеми на жителите беа истакнати нефункционалниот колектор и канализацијата. – рече Трендафилов.

Нанче додаде дека жители на селото Елшани му се пожалиле на неасфалтираниот пат до училиштето, и ја истакнале потребата од уште една трафостаница. Патот за поврзување меѓу селата Елшани -Пештани е во лоша состојба и има проблем со водата и канализацијата. Жителите на селото Елшани побарле и проширување на влезот на селото.

Михаил Трендафилов-Нанче вели дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но смета дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.

OhridNews