Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, своите предизборни активности утре ги продолжува во Охрид. Со почеток во 20 часот, на градскиот плоштад, кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе одржи средба со охриѓани.

Како што велат од општинската СДСМ, нивната одлука за свој кандидат за претседател на Република Македонија да се избере господинот Стево Пендаровски, е само првиот чекор со кој се навестува новата и сосема поинаква политика која несомнено го носи приматот граѓанска и обединувачка.

– Со гордост можеме да констатираме, дека личните теснопартиски интереси не се на нашата агенда, на прво место како и секогаш за нас е државата. Доказ за тоа е нашиот предлог за натпартиски кандидат за претседател, да биде Проф. Д-р. Стево Пендаровски. Со ова започна новата свежа кадровска политика на Социјалдемократскиот сојуз.Понудивме нови лица, нов концепт, и целосно нова понуда. Време е за нови политики, време е за промени за да одиме напред, потенцираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека доаѓа време кога по осум години силување на демократијата и осиромашување на граѓаните, крадење, апсење, изживување, понижување, македонскиот граѓанин со својот глас да се реши да стави крај на вртоглавото назадување и уништувањето на иднината на граѓаните.

OhridNews