Канонада од камења врз автомобилот на Али Ахмети во Куманово
14.11.16 00:56
Непријатна средба со револтирани жители на Куманово синоќа имал лидерот на ДУИ Али Ахмети пред одржувањето на партиската конвенција во овој град. Како што информираат националните медиуми, десетици роднини и пријатели на Џемаил Реџепи – викан командант Шќипоња го блокирале влезот на Куманови со цел да не му дозволат на лидерот на ДУИ Ахмети да влезе во градот. Командант Шќипоња беше убиен поради недоразбирања во огранокот на ДУИ во Куманово. Ахмети ги избегнал незадоволните граѓани кои почнале да фрлаат со камења по неговиот автомобил при што оштетиле две стакла. Ахмети сепак стигнал до местото каде се одржа партиската конвенција на ДУИ.
Од ДУИ подоцна вечерва соопштија дека насилни провокатори се обиделе да му го попречат патот на лидерот Ахмети, во што не успеале.
-Изразуваме жалење за срамната злоупотреба на болката на луѓето од страна на некои нови политички групи кои скаат да се афирмираат преку очајни постапки. – соопшти ДУИ.
Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи Регулаторната ко...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.