По барање на градоначалникот Никола  Бакрачески, вработените од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици од денеска своите работни обврски ќе ги извршуваат во  зградата на општина Охрид, во поранешните простории на одделението за поддршка на Советот на општина Охрид, Секторот за спорт млади и невладини огранизации и одделението за заштита и влијание врз животната средина, чии канцеларии се преместени на вториот кат во зградата во која се наоѓа општинската организација на Црвен крст.

Во истата зграда во иднина ќе функционира и просторијата наменета за членовите на Советот на општина Охрид.

OhridNews