-Причина што канцеларијата на пратениците Николоски и Шокаровски сеуште не е отворена, е што изборот за aсистент во наведената канцеларија е во тек (што впрочем е случај со уште 33 Канцеларии) и ќе биде финализиран до крајот на годината по што Канцеларијата ќе биде ставена во функција и на располагање на граѓаните на Охрид, објаснуваат од ИПД.
Со свое објаснување излегоа и пратениците Николоски и Шокароски кои посочуваат дека нивната Канцеларија која треба да функционира во рамки на проектот на “Институтот за парламентарна демократија” сеуште не е отворена од технички причини, односно нема услови да работи поради изборот на асистенти.
„Се надеваме дека огласот ќе заврши успешно, како и тоа дека ќе бидат обезбедени соодветни услови од страна на локалната самоуправа согласно договорот сио ЗЕЛС, по што канцеларијата ќе може успешно да функционира.
Во исто време би сакале да ве информираме дека и покрај оваа ситуација и немањето соодветни услови, сепак правиме се за да комуницираме со граѓаните на Охрид, како и на целата изборна единица 5 од која сме избрани. Така граѓаните можат со нас да искомуницират писмено со преставки во Собранието на Република Македонија, на нашата електронска пошта, како и неформалните методи на комуникација преку социјалните мрежи. Исто така секогаш кога тоа го дозволуваат обврските во Собранието, најчесто за викенди, комуницираме и се среќаваме во партиските простории, како и низ различни населени места, за што моажат да посведочат многу од граѓаните. Секогаш свесни дека секоја дошполнителна средба е потик повеќе за успешна работа во Собранието на Република Македонија“, се вели во писмената реакција на пратениците Николоски и Шокароски, по сторијата објавена на OhridNews.
Инаку ПМКГ, со овој состав на Собранието на Р. Македонија, отпочна со работа од 1-ви ноември 2011 при што во функција беа ставени 27 Канцеларии за комуникација со граѓаните. Постапката за заокружување на ПМКГ, со ангажирање на Асистенти во Канцелариите како и со отворање на Канцеларии онаму каде истите сеуште не се обезбедени од страна на општините, до вкупно предвидените 75 канцеларии во 44 општини, ќе продолжи до крајот на годината како и во првиот квартал на 2012 година.
OhridNews