Во пресрет на одбележувањето на празникот Богојавлјение-Водици, а во насока на превенирање и спречување на појава на несакани здравствени проблеми кај оние кои ќе скокаат по крстот во водите на Охридското Езеро, Црвен крст Охрид апелира до сите капачи:

– Со огледа на релативно ниската температура на водата во Охридското езеро-(кај пристаништето  9,5 степени), постои опасност од појава на хипотермија-намалување на општата телесна температура под 35  степени  што како последица може да има оштетување и нарушување на виталните функции во организмот. Напоменуваме дека во вода телото се лади десетина пати побргу отколку во воздух, особено при зголемени телесни активности. Посебно апелираме до оние кои што ќе скокаат по крстот во водите на Охридското Езеро, да не конзумираат алкохол, зошто алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата на организмот и предизвикува хипотермија.

Поопширно за хипотермијата и конзумирање алкохол

Хипотермија е состојба на намалена општа телесна температура. Настанува кога организмот губи повеќе топлина отколку што може да произведе, па температурата на телото паѓа под 35 степени Целзиусови. Кога температурата на телото ќе се намали под 35 степени се намалува спсобноста на организмот за создавање на топлина и телесната температура продолжува да се намалува, доколку не се превземат одредени мерки.

Алкохолот ја нарушува процедурата на контролирање на телесната температура. Кога времето е студено, човекот нема да биде во можност да ја одржи истата температура на организамот, како што би можел ако не конзумира алкохол.

Алкохолот ги проширува периферните крвни садови, оние кои се наоѓаат близу површината на телото, а ги стеснува крвните садови во внатрешноста на организмот. Поради тоа повеЌе топлина го напушта телото и внатрешните органи остануваат без потребното количество на топлина. Иако, конзумирањето алкохол, обично е пропратена со црвенило на лицето и чувство на топлина, всушност, температурата на организмот опаѓа.  Крајниот резултат може да биде, топлината да го напушти организмот и да се забрза хипотермијата. Исто така алкохолот го нарушува здравото расудување, кое инаку би можел да го увери лицето да влезе внатре од студот.

Лицето побргу ќе се замори по студено време, а организмот мора да работи понапорно и поинтензивно, само да ја одржи соодветната телесна температура. Кога лицето е уморно, организмот има помалку енергија за да се избори со стресот поради производството на додатна топлина. Ако на тоа се додаде и алкохол, организмот ќе се најде во многу сложена состојба.

Алкохолот отстранува од организмот  повеќе течности отколку што лицето внесува со пиење на вода и на тој начин доаќа до дехидрација на организмот. Во студено време организмот ја губи водата не само со потење туку и со дишење кога лицето ја користи влагата за да го загрее студениот воздух. Студениот ветер исто така ја поттикнува дехидрацијата.

OhridNews