Стабилизирањето на временските услови и покачувањето на живата во термометарот, придонесоа за зголемување на бројот на капачи охридското крајбрежје. Според најновите мерења, температурата на водата во езерото е 22 степени и е пријатна за капење.

Прогнозите на синоптичарите се дека стабилното и топло време ќе продолжи и во текот на наредните денови.

Во Охрид минималната температура на воздухот ќе биде од 12 до 19 степени,а максималната од 25 до 30 степени. Благо покачување на температурата ќе има од викендот кога се очекува максималната да достигне и до 33 степени целзиусови.

OhridNews