Италијанецот Фабио Капело е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Русија. Популарниот “Дон Фабио“ кој на клупата го менува Дик Адвокат ќе треба  „Зборнајата“ да ја одведе Мундијалот 2014 година во Бразил.

„Капело е нашиот нов селектор. Очекуваме следните денови да дојде во Москва и да договориме некои ситни детали од договорот, па официјално да биде ставен потписот“, изјави Никита Симоњан, претседател на Фудбалскиот сојуз на Русија.

Според италијанските медиуми, 66-годишниот тренер годишно ќе заработува меѓу пет и шест милиони евра, но сè уште не е познато на колку ќе потпише договор.

Русија во квалификациите за Светското првенство ќе игра во групата Ф, заедно со Португалија, Израел, Северна Ирска, Азербејџан и Луксембург.