Англиската репрезентација на четири месеци пред почетокот Европското првенство во Полска и Украина, останаа без селектор откако италијанецот Фабио Капело одлучи да се повлече.


“Војната“ на островот започна откако Тери поради расистички навреди кон фудбалерот на КПР, Антон Фердинанд заврши пред суд. За дефанзивецот на Челси, ваквиот испад не е прв, пред една година  беше откриена аферата на Тери со сопругата на неговиот соиграч Вејн Бриџ, и тогаш капитенската лента му беше одземана, но сето тоа помина само критиките од англиската јавност.


Иницијалната каписла пукна, после вербалниот дуел на Тери и Фердинанд.

Далеку познатиот брат на Антон, Рио Фердинанд член на Манчестер Јунајтед, преку социјалната мрежа Твитер, гласно го критикуваше, “другарот“ од репрезентацијата,  Џон Тери. По ваквиот чин, повторно се случи раскол во селекцијата, а капитенската лента ФА му ја одзеде капитенската лента на Тери. “Дон Фабио“ во безредието на островот го одбра најлесното решение со повлекување од селекторскота функција.

65 годишниот италијанец кој важи за еден од најдобрите тренери во светскиот фудбал,  не ја одведе Англија на посакуваните патеки. Во квалификациите за СП во Јужна Африка, “гордиот албион“ беше неприкосновен, освојувајќи најмногу бодови во групата. Но настапот на СП, како и изборот на фудбалери кои ги селектираше, беа друга приказна. Играта на репрезентацијата на СП, не личеше на онаа која италијанецот ја најавуваше, во 1/8 финалето Англија ги спакува куферите, после срамниот и (не)среќен пораз од Германија со 4-1.


Низ квалификациите и составувањето на селекцијата за СП, “Дон Фабио“ направи неколку кардинални грешки. Фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот кој брилираше во квалификациите, беше изоставен, а на неговото место во Ј. Африка замина робусниот Емил Хески. Англија има(ше) големи главоболки со голманската позиција, италијанецот истите ги зголеми откако не го повика младинскиот репрезентативец Џон Харт, туку им даде шанса на Роберт Грин и Дејдвид Џејмс, кои ни од далеку неможат да се споредуваат со квалитите на голманот на Сити. Капак на се беше враќањето во репрезентацијата на “отпишаниот“ Ледли Кинг, кои четири месеци  поради повреда беше надвор од стројот немаше заиграно, а Капело и него го смести во списокот на “туристи“ на црниот континент.


За наследник на Капело на жешката селекторска клупа, англичаните го “токмат“ тренерот на Тотенхем, Хари Реднап и актуелниот менаџер на Њукалс, Алан Пердју.

Михаил Постоловски