Научно фантастичниот филм ,,Првиот одмазник-Капетан Америка”, од 17 до 19 април ќе биде дел од редовниот репертоар на киното при Центарот за Култура ,,Григор Прличев” во Охрид.

Приказната на филмот е базирана на супер јунакот и заштитник на Америка и истата се одвива во временскиот период на Втората светска војна. Оригиналниот стрип, врз кое се заснова и самата филмска режија е дело на авторите Џои Симон и Џек Кирби.

Главен јунак во филмоте Стив Роџерс, кој по неколкукратните обиди да се регрутира во американската војска, доброволно се пријавува за учествуво во експерименталната програма, во тајната воена операција, која го претвора во супер јунакот познат како Капетан Америка.

Филмските улоги ги толкуваат Крис Еванс, Хју Вивинг, Стенли Тачи, Томи Ли Џонс, под режисерската палка на Џои Џонстон.

Филмските проекции започнуваат во 20 часот, а цената на билетот е 100 денари.

OhridNews