Капетанот на бродот Илинден, Сотир Филески, од денеска притворот ќе го издржува во домашни услови. Вака одлучи  Апелацискиот суд во Битола, по втората жалба на бранителот на притворениот капетан. Истражниот судија ја потврдил одлуката на Апелација по што капетанот Филески наместо во затворот во Охрид притворот во времетраење до 30 дена ќе го издржува дома.



Капетанот Филески од денеска во домашен притвор

Капетанот Филески во притвор е од 5-ти Септември кога и се случи бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи.