
-Не се запрени работите во општинската администрација. За да се изгради било каков објект треба урбанистички план кој се носи во многу компликувана процедура. За да дојде истиот пред советот треба да мине и низ министерствата за транспорт и за животна средина, објаснува градоначалникот Петрески. Тој се надева дека оваа процедура ќе се упрости со измените во законот за градба со кој се предвидува постапката за донесување на урбанистички планови да се состои само од една наместо од две фази. Со тоа ќе се заштедат 4-5 месеци, вели Петрески.
Проблем околу реализацијата на капиталните проекти Петрески гледа и во економската криза. Тој изрази надеж дека тие сепак ќе се рализираат и дека во интерес на граѓаните локалната и централната власт ќе имаат добра соработка.











