Никола Карабатиќ не може да се помири со одлуката на Монпеље дека е
непожелен во клубот и дека по завршувањето на сезоната ќе треба да го
напушти клубот.


Како што пишува ’Лекип’, во неделата тој бил кај претседателот на клубот Реми Леви, а разговорот завршил со физичка пресметка. Леви најавил дека од Карабатиќ ќе побара надомест поради  здобиените повреди и претрпениот страв.

Проблем за Леви преставува и фактот што тој мора да најде купувач за
еден од најдобрите светски ракометари, кој е вмешан во најголемиот
обложувачки скандал во историјата на ракометот. Монпеље веќе се ослободи од помладиот брат на Никола Карабатиќ, Лука, кој замина во Пеј Д`Екс.

“Макфакс“