Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ и неговиот Киелце останаа непоразени на гостувањето во Скопје ремизирајќи со Вардар 28-28. Симпатизерите на Вардар на Карачиќ му приредија топол пречек а Хрватот им се заблагодари на публиката и играчите на средбата со медиумите.

  • Изминатите години Вардар тука славеше со Киелце, но сега тоа го прекинавме. Имавме расположен дух, се надевавме на победа. Бевме спремни за Кристопанс и Дисингер, но Вардар не изненади со седум на шест, со ниските играчи од надворешната линија кои знаеја да ја чуваат топката. Исто така, добро бранеше и Калифа. За мене овој меч беше посебен, од една страна уживав, од друга страна не бев присутен на натпреварот тоа можеше да се забележи во играта. Се надевам дека ќе се исправиме на домашен терен и дека ќе дојдеме до полн плен. – изјави Карачиќ.

Репрезентативецот на „коцкастите“ беше дел од двете златни екипи на Вардар. Тој активно учествуваше во двете титули во Лигата на Шампиони и засекогаш обезбеди место во срцата на скопските навивачи.

OhridNews
Фото: Гол.мк