Хрватската селекција по расплет пишуван од Алфред Хичкок обезбеди пласман во полуфиналето од Европското првенство во Полска. „Коцкастите“ ја совладаа Полска со 37-23, а претходно норвежаните ја победија Франција со 29-24.


– Сигурно дека пред натпреварот сите очекувавме Норвешка да ја победи Франција, за среќа се тоа си дојде на своето место. Имавме четири дена одмор, добро ги анализиравме и се подготвивме, едноставно одигравме фантастичен меч, Полјаците беа под огромен притисок, но ни во сон неможев да замислам да одиграме вака. Едноставно одигравме за сите оние кои не ни веруваа, кои не изфрлија по поразот од Франција, само сакам да им порачам „Верувајте ни имаме одличен тим“ како поминува времето ќе бидеме се подобри. – рече Игор Карачиќ за 24ракомет.

Ракометарот на Вардар се осврна и на полуфиналниот дуел со Шпанија кој ги очекува. – Ние сега земаме залет, одиме напред и го чекаме следниот противник во полуфинале. Ова за оваа екипа веќе е голем успех, ние се уште се градиме вистинските подвизи се пред нас.

Полуфиналињата на ЕП се играат во петок, а покрај Шпанија – Хрватска ќе се сретнат Норвешка и Германија.

OhridNews