Жените во Македонија полека но сигурно го завземаат заслуженото место во политиката и се повеќе се дел од од дневно политичките случувања во земјата. Ги има на раководни функции, во советите на општините, парламентот, за што голема заслуга има актуелната Влада, истакна претседателот на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ, д- р Даниела Караѓозоска, која присуствуваше на годишното собрание на УЖ при општинската ВМРО- ДПМНЕ.


Таа потенцира дека УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, е едно од најголемите здруженија на жени во политичките партии кое брои околу 100.000 членки на ниво на Македонија.

Најважно е Унијата да функционира како едно тело, како дел од партијата на која сме должни да и помогнеме со нашето работење, залагање и посветеност, за што издвојуваме значаен дел од нашите работни обврски и приватни ангажмани, рече Караѓозоска.


Притоа, таа истакна дека е особено задоволна од функционирањето на УЖ при ВМРО- ДПМНЕ Охрид, со оглед на тоа дека предвидените акциони планови за изминатата година се целосно реализирани.

Најави дека како и во изминатиот период, така и во иднина  жените од ВМРО- ДПМНЕ ќе бидат меѓу народот, организирајќи бројни едукативни трибини, хуманитарни активности  со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.


На годишното собрание на УЖ на општинската ВМРО- ДПМНЕ , кое вчеравечер се одржа во Центарот на култура, пред бројните членови на унијата, гости и симпатизери на партијата отчет за сработеното во изминатата година даде претседателката на УЖ во Охрид, Славица Јанковска.

OhridNews