Евертон со 3-2 го совлада Њукасл во последниот натпревар од шестата рунда во Премиер лигата. „Карамелите“ трите погодоци ги постигнаа во првиот дел додека „страчките“ за малку ќе им ги замрсеа сметките откако реализира два во вториот. Со оваа победа избраниците на менаџерот Роберто Мартинез избија на четвртата позиција со 12 бодови.

Мх.П.