Во возбудлив меч на крајот на победата се радуваа стружани, а голот за триумф на “Грашница“ го постигна Милевски. Претходно двата погодоци за “црвените“ ги реализираше поранешниот фудбалер на Охрид Лоте, Ивица Ќелешоски.
Екипите на Караорман и Воска ги очекува напорна сезона откако најавија дека ќе атакуваат на првата позиција која носи еден ранг погоре.