Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на МРК Куманово.
Не очекува натпревар против млада и незгодна екипа на Куманово, која особено на домашен терен може да биде опасна. Свесни сме за нашите квалитети и влегуваме во натпреварот со јасна цел да ги освоиме бодовите. Сметам дека, доколку бидеме на потребното ниво, со максимален пристап и дисциплина во текот на сите 60 минути, можеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Дополнителен мотив ни е тоа што ова е последен натпревар пред репрезентативната пауза, па сакаме да ја завршиме оваа серија на најдобар можен начин, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Мартин Карапалевски.
Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот во салата „Перо Наков“.
OhridNews











