
Предвидено е холандските гости кои во Охрид ќе допатуваат преку „Каратанова – турс“ да престојуваат во 7 и 14-дневни аранжмани. Тие ќе бидат сместени во 8 хотели на охридско-струшката ривиера, а дел ќе престојуваат во познати вили во центарот на градот.
Покрај овој, за претстојната туристичка сезона најавени се уште два чартер лета неделно од Холандија за Охрид. Туристичките работници се задоволни од најавите и склучените аранжмани и очекуваат оваа сезона на охридско-струшката ривиера да престојуваат околу 10.000 туристи од Холандија.
OhridNews











