Карате клубот „Самурај Дојо“од Пештани заедно со македонската и јапонската карете федерација ќе организираат карате семинар „Охрид 2013“, на кој ќе учествуваат земји од целиот свет.

Семинарот ќе го води инструкторот Златко Кесковски, кој има шести дан во Сенсеи, а  „Охрид 2013“ ќе започне на 24 јуни, а ќе трае една недела.

– Семинарот ќе биде генерална проба за следната година, кога заедно со македонската карате федерација ќе одржиме еден турнир од светски размери. Со тоа ќе му помогниме на каратето да се афирмира во Охрид и Македонија – рече Славчо Влавчески од клубот „Самурај Дојо“.

Мх.П.