Каратистот Пеце Наумовски прв во Австрлија , петти во Јапонија
13.08.10 00:38
Тринаесет годишниот Пеце Наумовски од Мелбурн во Јапонија го освои петтото место, а по враќањето во Австралија првотото место во натпревар во карате до 14 години.
Вредниот Пеце Наумовски се врати од првенството во карате во Јапонија каде што учествуваа претставници на 32 држави од светот, меѓу кои Германија, САД, Франција, Кина, Јапонија. . .
Во силна конкуренција охриѓанецот Пеце Наумовски го освои петтото место. Нашата македонска гордост на шампионатот во карате ја претставуваше Австралија и во полуфиналната средба наиде на претставникот на Јапонија. Во борбата, која била рамноправна, Пеце загубил само со еден поен , подоцна во натпреварувањето неговиот противник стана светски шампион.
На Пеце тоа што не му успеа во Јапонија, му појде од рака во Австралија. Тој зеде учество на шампионатот на Австралија каде сите пет австралиски држави имаа по пет претставници. Сиднеј беше таличен за Пеце кој стана шампион на Австралија во карате.
Пред македонскиот “карате – кид“ претстои блескава иднина. Пеце, (13) кој е одличен ученик има реални шанси да биде и светски првак на следното светско првенство.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.