Македонските каратисти од клубовите Макпетрол и Металург настапија на Отвореното првенство на Милано под назив „Европска златна лига“ на кое се појавија преку 2.000 каратисти.

Јуниорот Симон Антиќ освои златен медал во својата конкуренција (+ 79 кг.), а од јуниорите до медали стигнаа и Крсте Мишев (сребрен), Азис Исмаил (сребрен) и Михаил Ѓурчиновски (бронзен).

Во сениорска конкуренција Наташа Илиевска (- 55 кг) освои сребрен медал, а бронзени медали  Наташа Стефановска (-61 кг.) и Жарко Арсовски (+ 84 кг).

Селекторите Борче Заборски и Мирче Јанушевски се задоволни од постигнатите резултати, но време за одмор нема. Следуваат заеднички подготовки со каратистите на Босна и Херцеговина и на Украина за сениорското првенство на Европа кое ќе се одржи во мај.

“извор Макфакс“
Ohridnews