
–Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании. Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом, велат од Министерството за финансии.
Според најавите, презентацијата во општина Охрид ќе започне во 17:30 часот.
Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово. Според Министерството за финансии, караваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.
OhridNews












