По повод Светскиот ден на срцето – 29. септември ЈЗУ Завод за превенција лекување и рехабилитација -Охрид, организира бесплатни прегледи за граѓаните на Охрид.

Акцијата ќе се одржи на 03.10.2011г. (понеделник) на градскиот плоштад од 9-13 часот под мотото на Светската федерација на срце „Еден свет, еден дом, едно срце“. Ќе биде поставен шатор во кој екипа на доктори и медицински персонал на Заводот, ќе  врши бесплатни кардиолошки консултативни прегледи, како и мерење на крвен притисок и ЕКГ.

OhridNews