40 годни постоење, раст и развој, во чекор со модерната кардиологија во светот, во служба на илјадници пациенти од целата земја одбележува денес ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Директорката на установата Д-р Елена Коваческа Башуроска вели дека ова е можност да се направи и една ретроспектива од почетоците до денес со осврт на тоа каде се наоѓаме денес во кардиологијата во рамки на нашата држава.
Овој јубилеј е значаен не само за нас како институција, туку и за градот Охрид и за целиот регион. Свесни за тоа, сите заедно скромно ќе го обележиме овој ден. Морам да нагласам дека за организирање на овој настан нема да биде потрошен ниту еден денар од здравствениот буџет, додаде Коваческа Башуроска.
Одбележувањето на јубилејот се поклопува и со Светскиот ден на срцето, а настанот ќе се одржи во Катедралната црква Света Софија со почеток од 17 часот.
OhridNews












