Во Република Македонија во 2015 година од болести на кардиоваскуларниот систем починале 11.939 лица. Стапката на морталитет од кардиоваскуларни заболувања во земјата во периодот 2010 – 2015 и натаму е во пораст, информираат Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден на срцето.

Светскиот ден на срцето во Македонија ќе се одбележи со низа едукативни настани и кампањи кои имаат за цел подигање на јавната свест кај населението од значењето на здравствената превентива, дотолку повеќе што според експертите најмалку 80 проценти од срцевите болести, срцев удар и дијабетес тип 2 можат успешно да се спречат со редовна посета на лекар.

Во светото од кардиоваскуларни заболувања секоја година умираат 17,3 милиони луѓе.

OhridNews