
– Царината во овој момент регистрира намалување на увозот и извозот, а со тоа и на давачките, меѓутоа споредбено со истиот квартал минатата година, царините се речиси на исто ниво. Царините се околу 2% помали во однос на истиот квартал минатата година, меѓутоа увозниот ДДВ е нешто понизок затоа што е намален увозот на репроматеријали. Рано е за еден квартал да се прават проценки како ќе се движат состојбите во текот на годината, рече Каргов, кој денеска во Охрид присуствуваше на свеченоста по повод пуштањето во употреба на двата патролни чамци на Царината.












