Селекцијата на Бразил го освои златниот медал на Купот на Конфедерации. Во финалето „кариоките“ го „преслушаа“ Светскиот првак Шпанија совладувајќи го 3-0.


Бразилската „самба“ на „Маракана“ ја најави Фред уште во втората минута кога ја погоди мрежата на Икер Касилјас. Пред крајот на првиот дел новата аквизиција на Барселона, Нејмар зголеми на 2-0.


Конечните 3-0 ги постави Фред со вториот погодок во финалето, а петтиот на турнирот кој две седмици беше топ тема во Бразил.


Актуелниот Светски првак тотално потфрли на финалниот натпревар, на кој постоеше само една селекција. Дефанзивецот на „црвената фурија“ Серхио Рамос не реализираше удар од белата точка, а Пике во 68-та заработи директен црвен картон по стартот над својот нов соиграч Нејмар.


Претходно во малото финале Италија по пенал серијата го победи Уругвај во борбата за бронзениот медал.

Мх.П.