Селекцијата на Бразил со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Франција на пријателскиот натпревар, кој се одигра во Порто Алегро.


По мирните 45 минути кои завршија 0-0, „кариоките“ квалитетот го покажа во вториот дел. Резултатот го отвори Оскар, на 2-0 зголеми Паулињо, а конечните 3-0 ги постави Лукас од пенал.


За неполна недела започнува Купот на Конфедерации, а го отвара Бразил против репрезентацијата на Јапонија.

Мх.П.