Селекцијата на Бразил е првиот финалист во Купот на Конфедерации. Во полуфиналето „кариоките“ ја совладаа репрезентацијата на Уругвај со 2-1 и обезбедија пласман во финалето.

Херој на бразилската репрезентација е голманот Жулио Цезар, кој при резултат 0-0 успеа да го скроти ударот на Диего Форлан од белата точка.

Казната за нереализираниот пенал уругвајцте ги стигна во 40-та минута кога Фред го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел Едисон Кавани донесе игал на семафорот со одличен погодок. Погодокот за „кариоките“ вреден финале го постигна Паулињо по нафрлувањето на Нејмар.

Бразил во финалето ќе го бранит трофејот против победникот од вториот полуфинаен дуел меѓу Шпанија и Италија.

Мх.П.