Најновите формули на лепаци, системи и решенија во градежништвото од познатиот бренд „Бекамент“, деновиве беа презентирани пред професионалните мајстори од Охрид и регионот, на настан што го организираше „Кармен Бауцентар“ Охрид.
На презентацијата, градежните професионалци имаа можност да проследат предавање од стручен тим на „Бекамент“ за системи за поставување керамика, кои сочинуваат решенија за хидроизолација на површини подложни на влијанија на вода, како и за специјалните лепила за плочки од највисока класа, кои може да се најдат во салонот на „Кармен Бауцентар“ во Охрид.
На професионалните мајстори им беа презентирани и најновите премази и фуги.
Системското решение за бањи „HYDRO CERAMIC Bathroom“ подразбира примена на самонивелирачка маса (доколку е потребна), високо квалитетен хидроизолационен премаз, хидроизолациони траки, лепило за керамика, водоотпорна маса за фугирање која е отпорна на појава на мувла и има висока отпорност на абење (aбразија) и силиконски маси за заптивање, отпорни на појава на мувла. Масата за фугирање е достапна е во 24 нијанси. Ова решение нуди брза и едноставна примена, сигурна и долготрајна заштита од вода, отпорно е на појава на мувла и погодноп е за подно греење. – истакнуваат од „Бекамент“.

OhridNews















