Василичарскиот карневал во охридското село Куратица и оваа година привлече големо внимание. На главната манифестација според проценките на организаторите присуствувале околу 3000 гости, кои го проследија дефилето под маски на кое учество зедоа околу 400 лица. Посетителите покрај во традиционалната варејца,  уживаа и во музичката забава што годинава ја приредија групата „Маестрал“ ,Татјана Лазаревска, Новица Василевски и играорните групи „Филиграни“ и „Охриѓанка“.


Инаку годинава во силна конкуренција во категоријата возрасни победи маската „Апсењето на Велија Рамковски“, пред „Марсовци ја заробија руската ракета“ и „Клаустрофобија“. Кај децата за најуспешна маска беше прогласена „Протест на тутунарите“, втората награда ја освои маската „Адам и Ева“, а третото „Кошмарот на Рамковски“.


Првонаградената маска на карневалот


Најдобрата детска маска

OhridNews