Познатата македонска поп пеачка Каролина Гочева ќе одржи концерт во рамки на централната прослава за празникот Водици, информираа од локалната самоуправа. Каролина ќе изведе композиции од својот последен проект „ Македонско девојче“. Во тек се преговори и со една балканска музичка ѕвезда, чие име ќе биде откриено откако ќе завршат преговорите за настап.
На јавниот повик на локалната самоуправа за учество во заедничкото креирање на понудата за Водици, досега се пријавиле 17 хотели, каде за време на богојавленскиот празник цените на ноќевање со појадок ќе се движат од 10 до 25 евра, зависно дали станува збор за еднокреветна или двокреветна соба. Во дел од хотелите цените на ноќевање со појадок ќе бидат со попуст од 30 до 50%, а со попуст од 30% ќе бидат и услугите во поголем број од угостителските објекти.
Од локалната самоуправа потенцираат дека годинава за празникот Водици се очекува рекорден број гости од земјава и околните земји, со оглед на досега покажаниот интерес за посета на градот.
Т.К.