По шестте одржани концерти Македонска опера и балет, македонската поп-дива Каролина Гочева викендов настапи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Публиката имаше можност да ужива во нејзиниот настап полн со емоции, односно да се запознае со нејзиниот нов проект насловен како „Македонско девојче 2“.
Битолската пејачка преку социјалните мрежи се заблагодари на публиката и убавниот пречек во македонскиот бисер, Охрид.
OhridNews
фото: „Фејсбук“