На местото на настанот денеска беа директорите на Заводот и Музеј Охрид и на Управата за заштита на културното наследство, Тања Паскали Бунташеска и Паско Кузман.
Според надлежните причина за одронот на оштетената карпа се обилните врнежи од дожд и снег, но и неконтролираната градба на објекти во непосредна близина. Инаку санацијата на оштетената карпа требало да започне деновиве но поради снегот и дождот, акцијата била пролонгирана.
Надлежните информираат дека случајот сериозно ќе биде испитан, а санацијата на одронот ќе уследи откако ќе се согледа комлетната состојба.